Nov stan vo Bitola
Се продава преубав стан во Битола! Нова градба (2014/2015), комплетно реновиран за своја душа (и покрај тоа што е купен како нова градба). Се наоѓа во новиот комплекс кај трудот.
Станот е 3 собен, со уникатна, полукружна детска соба и спална, нов абриб на цел стан (затоа што фирмата имаше ставено ситен абриб кој не доаѓаше до израз), алуминиумски ролетни на сите прозорци (800еур платени), клима инвертер (28 000ден платена), тенда на тераса и нова ограда (1000еур комплет платени), пархет 1 класа, 2 пати лакиран со висок сјај, мермерни парчиња на прозорци, комплетно сменета цела инсталација со највисока безбедност при користење, нови италијански чешми и многу други работи кои придонесоа станот да нема ниту една маана.
На високо приземје, со сопствен подрум, домофон во зградата, место за паркинг и сл.
Во станот има инсталирано канадско, плафонско греење, кое изгледа преубаво, а патем не го суши воздухот, топли како сонце, а потрошувачката на електричната енергија е сведена на минимум.
Со станот добивате и професионални скици со повеќе начини на уредување на ентериер, направени од инженер, според мерките на просториите.
Сликите се направени додека се реновираше во станот.
Вкупно 62м2 на имотен лист, цена 45 000 еур, т.е 725€/м2
ЦЕНА: 45000 €